Модели на рамни чевли кои никогаш не излегуваат од мода

By

Трендовите на чевли се менуваат, но едно останува: рамни чевли. Иако сè уште се предмет на бројни дебати, фактот дека сме во 21 век и дека милениумците со својата креативност и леснотија ги проширија нашите модни хоризонти, доведе до тоа рамните чевли да се конечно општо прифатени, во сите пригоди. Да, дури и оние најелегантните.

dobivaj vesti na viber

Ние ги анализиравме аутфитите на познатите модни инфлуенсери и издвоивме пет модели со кои секогаш ќе изгледате елегантно и модерно.

Заборавете на наметнатите правила за облекување и уживајте во удобноста.

1. Оксфорд чевли

Безвременски чевли кои со години се носат како модна класика во цврста црна или беж боја. Но благодарение на новите, иновативни дизајнери, денес можете да ги најдете во сите бои и дезени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachael Clifton (@bubblyaquarius)

2. Мокасини

Ниту една колекција на чевли не би била комплетна без мокасините кои можат да се носат со сè, а се пренесуваат од генерација на генерација. Во морето од различни модели, бои и форми – изберете го оној кој најмногу ви одговара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leia Sfez (@leiasfez)

3. Кожени влечки

Лесно се облекуваат, уште полесно се соблекуваат. Комбинирајте ги со добри фармерки и маици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leia Sfez (@leiasfez)

 

4. Балетанки

Тие се на сите листи на водечки модели на чевли за 2022 година, а сето тоа благодарение на Шанел, која го врати стилот на балетанките (о, да, и светки и тул) на модните писти. Моделите кои се лесни и минималистички се во тренд, па имате чувство дека немате ништо на нозете

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Felicia Akerstrom (@fakerstrom)

5. Бели патики

Белите патики се идеална замена за сите елегантни чевли. Тие се погодни за секоја пригода: од родендени и прослави, до прошетки низ град. И затоа секогаш се вредна инвестиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hannah Lewis (@hannahlewisstylist)

Ќе ви се допадне