Некои знаци на стареење едноставно не може да се скријат.
Кога станува збор за модата, предност на жената постара од 45 години е идејата дека нејзиниот стил е веќе формиран, па мислењето на другите не е толку важно, а самата дама е сигурна во себе и знае како да ги изнесе парчињата што добро им стојат.
Сепак, дури и на најдобрите им се случува да ги направат следниве грешки поради кои изгледаат смешно, а понекогаш и вулгарно и просто!
1. Светла шминка
Употребата на декоративна козметика со доста светли нијанси може да изгледа бунтовнички и атрактивно, но по 45-тата, сепак е подобро да се свртите кон природноста. Мирните нијанси на ладни и топли бои деликатно ќе ги нагласат вашите најубави црти на лицето.
Внимателно користете ги седефните сенки. Средината на четириесеттите е време кога треба да заборавите на производите за самопотемнување, како и исцртување на усните надвор нивните контури.
2. Животински дезен
Во оваа старосна доба облечете ткаенина во боја. Дезените од диви животни треба внимателно да се дозираат. Ако не сакате да се откажете од овој популарен принт, вклопете го на едноставни парчиња.
3. Облека со погрешна величина
Хармонија и биланс се најважни правила. Торбестиот модел нема да ви помогне дополнително да ги скриете недостатоците, напротив, дополнително ќе ви ги истакне. За вас не е најважно да ги следите трендовите, туку да го носите она што добро во стои, а такви парчиња има премногу.
4. Мини здолништа и длабоко деколте
Годините првин се забележуваат на рацете, колената и на вратот. Тоа не значи дека треба да бидете покриени од глава до петици, но секако е време да заборавите на мини здолништата и на дегутантното длабоко деколте. Што се однесува до должината на здолништето или фустанот, најдобар избор се миди моделите или оние малку над колената, како и ракавите три четвртини.
5. Нов начин на комбинирање
Ако имате повеќе од 45 години, не значи дека треба да ја фрлите целата гардероба. Само треба поинаку да ја вклопите. На пример, од сега фармерките носете ги со лелеава кошула наместо со тесна маичка вовлечена во пантолоните.