Моден водич за ниски девојки

By

Ниските девојки често пати имаат проблеми кога е во прашање вистинскиот крој на гардероба. Модните експерти имаат неколку правила кои би требала да ги следи секоја жена со ситна градба.

Гардеробата со принт ви е сојузник

Парчињата со разни принтови изгледаат феноменално на ситните жени. Единствено за што треба да се грижите е да не бидат многу големи за да не ве „изедат“ визуелно.

Мини торби

Избегнувајте гломазни и преголеми модели на торби, затоа што ќе го наруши вашиот изглед. Идеален избор за вас се помали и средни модели.

Струкирани капути и јакни

Пократките модели на јакни, сакоа, но и кошули би требало да бидат тесни и струкирани и да ја пратат вашата линија на тело. Избегнувајте широки модели кои паѓаат преку куковите.

„Ве“ израз

Овој израз ќе ви помогне да изгледате повисоки, а воедно и повитки. Освен овој, и кружниот израз доаѓа во предвид, но коцкастите дефинитивно избегнувајте ги.

Здолништа над колена

Миди и долгите фустани визуелно ќе ве скратат, затоа секогаш одбирајте ги оние модели над колена. Моделите кои ја пратат линијата на телото се одличен избор, тие ќе ги нагласат нозете и струкот.

Должината на ракавите е многу битна

Без разлика дали купувате фустан, палто или блуза, водете грижа должината на ракави да биде ¾.

Ќе ви се допадне