Модерни и удобни зимски фустани што ќе доминираат во 2022 година

Доволно е само да ги разгледате онлајн-страниците за мода или да прошетате низ трговските центри да видите дека миди фустаните се водечки тренд на сезоната. Тие се најдобриот избор кога имате само пет минути да се подготвите за работа наутро, а во исто време да сте удобни и елегантни.

Еве кои зимски фустани ќе бидат најпопуларни во претстојната сезона.

1. Плетени фустани

Французинките долго време милуваа да носат џемпери, но од неодамна тие се прифатени од целата светска модна публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANICE ELIZABETH (@taniceelizabeth)

2. Сатенски фустани

Сатенските фустани во лето им се како униформи на модерните девојки, а сега може да ги носите и во зима. Најдете ги оние со долги ракави и миди должини, во бои од смарагдно зелена до празнично темноцрвена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monikh (@monikh)

3. Темни, цветни фустани

Постои непишано правило дека во зима носиме потемна облека. Сепак, тоа не значи дека треба да ги исфрлите шарените мотиви, како цвеќињата или геометриските форми. Ако ги носите со големи чизми до колена, ќе добиете шик рок-изглед.

4. Недопирлив црн фустан

Црниот фустан од сезона на сезона има сè потешка задача – да се надмине себеси и да не стане клише. Така, доколку изберете црна боја, нека бидат разни кроеви, комбинација од некомпатибилни материјали и детали. Модернизирајте ја класиката и оставете ги сите околу себе без здив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chrissy Rutherford (@chrissyford)

5. Преголеми фустани

Осмелете се да донесете драматичен аутфит и надополнете го со големи чизми за кежуал тон во текот на денот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Skye (@_jessicaskye)

Scroll to Top