Познатата италијанска модна куќа „Долче и Габана“ (D&G) поднесе тужба против двајца американски модни блогери пред италијанскиот суд.
Модната куќа посочи и барање за компензација во износ од 600 милиони долари, бидејќи тие негативните коментари насочени против Азијати му ги припишале на еден од креаторите на D&G, што предизвика бојкот на купувачите од Азија.
Тужбата беше поднесена на суд во Милано во 2019 година, но јавноста дозна за целиот случај дури оваа недела, бидејќи обвинетите блогери ја објавија оваа информација на својот профил на Инстаграм , кој го следат голем број луѓе поради остри коментари и остри критика на неоригинални и неинвентивни модни дизајнери, објави АП.
Модните дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана прво тврдеа дека им е хакирана интернет-сметката, но подоцна му се извинија на кинескиот народ со видеопорака.
Јавно извинување (до кинескиот народ) и тивката тужба против блогерите се контрадикторни, рече Сузан Скафиди, директорка на Модниот институт на Правниот факултет „Фордам“, која ја координира работата на правните застапници на двајцата блогери.
Никој од модната куќа „Долче и Габана“ не сакаше да го коментира овој случај.