Модата бргу се менува затоа е добро секогаш да сме во чекор со неа. Тренди модните додатоци се доста важни бидејќи даваат посебен шарм на секоја модна комбинација.
Следните три аксесоари повеќе не се во мода, затоа избегнувајте да ги додавате во својот аутфит.
Лента за коса
Лентите за коса станаа популарни во последните 2 години. Наместо тоа, на модната сцената сега настапуваат шнолите. Овој украс за коса беше повторно лансиран од сите водечки модни куќи и го вратија на сцена овој малку заборавен моден додаток кој беше хит во 90-ти години.
Очила за сонце со тркалезна рамка
Очилата се многу повеќе од заштита на очите од УВ зраците. Со добро избран пар наочари може да изгледате ултра тренди и гламурозни. Оваа година, наместо тркалезна рамка, изберете рамка во форма на квадрат. Правилото гласи – колку поголеми, толку подобро.
Рибарски шешир
Иако на многу дами не им е особено симпатичен, сепак овој тренд беше доста популарен во последните неколку месеци. Наместо рибарски, изберете каубојски шешир од слама.