На старата облека дајте ѝ нов сјај

Наместо одново секојпат да фрлате пари на нова облека или да се задолжувате барајќи пари, кои ги немате, занимавајте се со омилените стари парчиња и претворете ги во нови освежени.

Посетете кројач

Наместо да одите во дуќани и бутици, размислете за тоа понекогаш сами да си сошиете облека. А парчињата со кои не сте задоволни, едноставно прекројте ги, малку затегнете ги, додадете некој раб, можеби ластик или врвки, скратете ги, променете го кројот или проширете ги. На крајот ќе добиете сосема ново парче облека!

Заменете ги копчињата

Наместо обичните досадни пластични копчиња, ставете некои поинтересни, побогати или, пак, метални. Со новите, значително поинтересни копчиња, вашето омилено палто/јакна/пелерина за момент ќе заблеска.

Фрлете ја облеката што заслужува да биде во ѓубре

Апсолутно сме за тоа да го спасите сето она што може да се спаси, но облеката, која е видливо извалкана, излитена, провлечена, полна со топчиња и, едноставно, износена, не треба да зазема место во вашиот орман. Ако маните ги гледате вие, веројатно ќе ги видат и другите. Инаку, кога топчињата се во прашање, можете да ги избричите со брич.

Подалеку од парчињата што се во тренд

Не велиме дека не треба да ги следите трендовите, но, дефинитивно, не треба импулсивно да купувате сè што е моментно во тренд, а на што ќе заборавите веќе во наредните години. Ако имате работи што ви стојат во орманот подолго од една година и сè уште не ви паѓа на памет да ги облечете, тогаш посетете го кројачот. А во иднина при шопингот, избегнувајте парчиња што не се во тренд. Подобро е да инвестирате во класични парчиња квалитетна изработка и во парчиња што секогаш ќе изгледаат еднакво модерни.

Scroll to Top