Фустани со А крој
Вака скроените фустани, како и ѕвончестите здолништа ќе го урамнотежат целокупниот впечаток. Важно е дека фустанот е што побогат со материјал во долниот дел, односно визуелно да го урамнотежи бујното деколте.
Здолништа наместо фустани
Иако здолништето нема нужно да им стои подобро на жените со големи гради, сепак факт е дека многу жени имаат проблеми со наоѓањето совршен фустан затоа што често се разликуваат во величината во горниот и долниот дел од телото. Исклучиво од таа причина, поедноставно е да најдат здолниште и соодветен горен дел, отколку фустан.
Моторџиски јакни
Јакните и палтата со моторџиски крој одлично им стојат на жените со големи гради. Превитканиот материјал на предниот дел ќе ги прекрие самите гради. Немојте да се грижите дали можете јакната навистина да ја закопчите или не затоа што и така главно се носи откопчана, а поголемиот број ќе ви одговара во градите, па ќе биде поголема во рамената и ракавите.
Широки панталони
Панталоните и фармерките со таканаречениот loose крој визуелно ќе го изедначи горниот и долниот дел од телото, поради што во комбинација со лежерни маички ќе изгледаат одлично на жените со големи гради.
Комбинезони
Комбинезоните главно во горниот дел имаат доста ширина поради што не би требало да имате проблем со тоа дали ќе ви стојат или не, а опушетениот и нешто полежерниот предел во половината одлично ќе ве урамнотежи во горниот и долниот дел.