Сандалите и чевлите со висока платформа до неодамна се сметаше дека се лоши и со евтин стил, но судејќи според зборовите на модните дизајнери, ситуацијата се менува. Ова лето токму овој омразен модел ќе стане апсолутен хит.
Во текот на летната сезона ќе ги гледаме на секој чекор, а познавачите на модните трендови велат дека може да се носат со сè – од фармерки до фустани и советуваат да изберете некоја од впечатливите бои како би дошле до израз.
Најавата за доаѓањето на овој тренд поредизвика поделени мислења. Додека на една група жени воопшто не им се доапѓаат, другата група е воодушевена од овој модел.
Едно е сигурно, а тоа е дека во нив многу полесно ќе одите затоа што падот на ногата е многу помал, па ризикот од болки во нозете е сведен на минимум. Освен тоа, овој модел одлично им стои на поситните жени и на оние со пониска градба.