Најпопуларни чанти за лето 2020

Колку чанти во својот плакар има една современа жена?

Десет, дваесет… повеќе? Дали навистина ви е потребна уште една? Секако, затоа што кого ќе разгалите ако не себеси, со таа мала синица во облик на чанта во која ќе собере сè што ви треба. Женските чанти често се сметаат за места на кои може да се најде сè, од игла до локомотива. Но тоа е само една од придобивките, затоа што современата жена треба да биде спремна за сите предвидливи и непредвидливи ситуации.

Што ви препорачуваат светските дизајнери ова лето кога  се во прашање женските чанти? Многу нешта, всушност. Ако не сакате да потрошите многу пари, а воедно сакате да додадете модерна нота на својот изглед, чантите што денес ќе ви ги претставиме се како создадени за тоа. Елегантни, шик и многу лежерни, одговараат на различни пригоди и ќе може да ги носите со поширок спектар на гардероба.

Проѕирни чанти

Не така одамна,овој вид чанта направи општ бум! Малку можеби неправедно ги запоставивме, но оваа сезона сме повеќе отколку некогаш отворени кон ретро ефектите. Фасцинантно во врска со нив е што се согласуваат со најширокиот спектар на гардеробата, почнувајќи од фармерките, преку романтичните летни фустани до многу атрактивните тесни мини здолништа. Една напомена, не треба да ја тргнете од умот нивната проѕирност ниту во еден момент.

Тркалезни чанти

Уште еден летен хит кој освојува ширум светот. Симпатичните мали тркалезни чантички како да се создадени за вашите летни излегувања и забава низ градот. Во нив можеби не можете да ставите чадор, комплетна козметика, таблет и слично, но се сосема доволни за паричникот, телефонот и неизбежниот црвен кармин. Ќе признаете, повеќе од тоа на современата жена не ѝ е потребно за да заблеска.

Плетени чанти

Овие чанти можеби сте ги гледале на старите фотографии или во некое списание пред неколку децении, затоа што тогаш беа многу популарни. Тие исто така направија голем пресврт во времето и го пронајдоа своето сигурно место во современиот свет. Не плашете се затоа што со нив ќе изгледате старомодно, затоа што се во центарот на збиднувањето ова лето.

Scroll to Top