Најубавото здолниште на Оскарите во 2022 донесе повеќе гламур од најелегантниот фустан

Зендаја на Оскарите во 2022 година носеше здолниште кое собра повеќе аплаузи отколку најдобриот фустан.

Во 2022 година, кралицата на црвениот тепих, Зендаја Колман, донесе едно од многуте ремек-дела, со кои ги маѓепса модните познавачи. За Оскарите во 2022 година, Зендаја создаде модна магија во театарот Долби заедно со нејзиниот колега од филмот „Дина“ Тимоти Шаламон.

Зендаја дефинитивно го освои црвениот тепих таа година и се истакна во морето од елегантни фустани со сосема поинаков стајлинг, докажувајќи зошто важи за модна икона на помладата генерација.

Имено, Зендаја донесе комплет кој се состоеше од бела сатенска кошула и здолниште кое беше — грандиозно.

Целата креација ја потпиша модната куќа Валентино, а впечатокот беше спектакуларен. Имено, со кошулата во кроп варијанта, вклипено е феноменално сребрено долго здолниште, обложено со светки, дизајнирано специјално за неа од креативниот директор Пјерпаоло Пичиоли.

Изгледот го заокружи со чевли на Valentino Garavani прекриени со кристали, како и накит Bulgari, од дијамантски нараквици на зглобовите до дијамантски ѓердан. Целиот накит вредел над 6 милиони долари, а имало и дијамантски прстени, обетки, брош…

Нејзиниот изглед е опишан како гламурозен и бохо шик, а автентичниот стил до денеска само го надградила.

Scroll to Top