Направете сами искинати Бојфренд фармерки

By

Бојфренд, односно момчешките фармерките станаа апсолутен хит уште пред неколку сезони, а како што најавува модната сцена ќе бидат актуелни и во сезоните пред нас! Пред да започнете со средување на орманот и пред да ги фрлите старите фармерки, сакаме да ви кажеме дека многу подобра идеја е од нив да направите нови. Овој лежерен крој на фармерки потполно го освои светот на познатите, па можете да ги видите и на најпопуларните актерки, пејачки, манекенки и ТВ лица.

Доколку веќе подолго време посакувате да набавите пар од овие фармерки, но никако не успевате да најдете пар кој ви одговара, тогаш ќе ве израдува фактот дека можете сами да си ги направите.

Потребен ви е само еден пар досадни фармерки – ваши или од вашиот брат, дечко, другар – и малку добра волја. Погледнете го упатството и дознајте како да си направите модерни Бојфренд фармерки.

Најпрво пронајдете фармерки кои повеќе не сакате да ги носите, кои ви се досадни или кои сте планирале да ги исфрлите.

Совет – Потребно е фармерките да се малку пошироки и полежерни. Овој модел нема да успеете да го направите со тесните кроеви.

Упатство:

Чекор 1 – Облечете ги фармерките, па доколку ви се предолги, соберете ги краевите од ногавиците и исечете го вишокот материјал.

Чекор 2 – Време е фармерките малку да ги зачините. За правење на поголеми реси, користете ножици и нож. Со ножиците направете мал засек на ногавиците, па со ножот проширете го и отпарајте го тексасот, така што ќе добиете поголеми реси.

*за помали реси, користете ножици и шмиргла.

Чекор 3 – Подвиткајте ги ногавиците за да добиете должина од 7/8 и тоа е тоа!

 

Ќе ви се допадне

The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 3 at Funimation funimation playstation

Tensei shitara Slime Datta Ken 2nd Season Episode 2 at website https://animeheaven.pro. See more animehaven