Кошулите се она парче облека кое може да го комбинирате во бројни префинети и паметни модни комбинации, идеална за враќање на работа . Доколку не сакате да погрешите, секогаш почнете со убава шик копула и „изградете“ аутфит околу неа.
Меѓу есенските трендови се издвојуваат дезените како минимални цветни, ултра тенки вертикални линии или карирани дезени. Но не плашете се: доколку сакате малку „подиви“, обложите се на анималниот принт. Шарите на леопард, тигар и зебра, како и змиската кожа, и понатаму се во тренд.
Кога станува збор за палетата на бои, можете да се потпрете на проверените есенски тонови како кафената и зелената до дијаметрално спротивните, пастелни нијанси: розова, бебешко сина и мента зелена кои сигурно не хибернираат оваа есен. Што се однесува до материјалот, ви предлагаме свила, памучен пуплин и фланел. Но доколку сакате да се издвоите со својот стајлинг, одлучете се за оригиналност со кожена кошула: кожените и екокожените кошули ќе бидат голем тренд во текот на ладната сезона.
Со цел полесно да ја одберете совршената кошула, избравме за вас 15 најубави модели кои можете да ги носите во текот на овој период.