Необични патики на Модната недела во Париз

Засега не е познато под кое име се водат овие патики, но модната куќа Loewe за пролетта 2018 го претстави моделот со шпицест врв, кој потсетува на опинок.

Креаторот Џонатан Андерсон ги опиша како обувки за жените што постојано патуваат, а како инспирација му послужиле чизмите што ги носат мажите во Мексико. За моделот да го направи поинтересен, креаторот на врвот на патиките ставил кожа од змија, па малку потсетуваат на опашка од ѕвечарка.

Корисниците на социјалните мрежи не останаа без коментар, изјавија дека ова им личи на обувките на Аладин или шумските џуџиња од бајките.

На Модната недела во Париз големо внимание привлекоа необичните патики со кои моделите прошетаа на пистата.

Нам ни личат на опинци и се поставува практично прашање – кој од нас ќе го носи ова?

Со оглед дека патиките се најудобни обувки, нема да чуди доколку се појават некои млади девојки што ќе се охрабрат да ги облечат овие модели.

 

 

Scroll to Top