Модниот дизајнер Андреј Папаз ќе има ревија на отворањето на Модниот викенд – Скопје
„Подем на гревот“ е насловот на неговата нова колекција. Темата е приказната за потопот на Содома и Гомора, а колекцијата е симбиоза на таа библиска приказна. Во колекцијата е најзастапена црната боја, претставена во мат и сјајни варијации.
Се појавуваат и сиви тонови, бела и цигла боја како освежување на целокупниот впечаток. Од материјали Папаз користи еко-кожа, свилен шифон, штоф, жоржет, скај и мрежа. Во колекцијата суптилно се вметнати и садо-мазо елементи.
Колекцијата е авангардна, составена од носливи и помалку носливи парчиња кои носат дух на раскош и драматичност.