Новите чанти од Селин Дион

 

Селин Дион ја промовира новата линија чанти во Канада, во Монтреал. Познатата пејачка и овој пат привлече внимание со својата комбинација во розови тонови. Откако ја започна соработката со Ло Роах, таа доби сосема нова модна репутација. Но, освен чантите и нејзината појава, Селин успеа да го сврти вниманието на јавноста и медиумите со одговорите на прашањата од новинарите. Едно од нив беше наменето за нејзиниот љубовен живот. „Како одат работите? Вие сте сега сама, како оди животот?, беше прашањето на кое Селин одговори:

„Ме каниш на состанок? Да разјасниме, јас не се однесувам како шеф, јас сум шефот“, се пошегува пејачката и додаде: „Уживам со самата себе. Поминав низ многу нешта и не сум единствената. Луѓето постојано се соочуваат со многу нешта. Понекогаш, кога поминуваш низ толку многу работи, не е важно дали е разочарување или загуба, постои сила што прави повторно да веруваш. А јас верувам“.

 

 

Scroll to Top