Иако очилата за сонце се прва асоцијација за топло време и лето, вистината е дека ги носиме во текот на целата година, секојпат кога е сончево, макар и во зима. Очилата на многумина им се омилениот моден додаток кој ја надополнува гардеробата.
И очилата за вид сè повеќе се стилизирани, ап освен заради нивниот облик и рамка, ги одбираме најчесто според обликот на своето лице. Овоајпат ви ги предлагаме трендовите на очила за 2021 година, кои ќе се носат во текот на сите сезони – од зима до есен.
Ретро златна тенка рамка
Без разлика дали станува збор за крупни или ситни стакла, овој модел секогаш е во комбинација со златна тенка рамка. Исто така, стаклата можат да бидат и темни и светли односно проѕирни. Нам ни се допаѓа како овој модел на наочари оди со лежерните модни комбинации.
Еве и малку инспирација:
Правоаголна рамка
Ова е, се чини, баш ретро модел, без разлика дали се во прашање наочари за сонце, или за вид. Исто така, стаклата се мали, и веројатно нема да им се допадне на оние кои се допаднале да се кријат зад крупните наочари. Најдобро веројатно ќе им стојат на оние со поситна градба.
Преголеми мачкини очи
Доколку сакате мачкест изглед кога наочарите за сонце се во прашање, тогаш овој тип на модел е вистински избор за вас! Можат да бидат со потенка или подебела рамка.
Футуристички стил
И најпосле, во текот на 2021 година, ќе се носат необични и геометриски облици кога наочарите за сонце се во прашање. Особено ќе ви се допадне ако преферирате градски моден стил.