Од корона почина модниот дизајнер Албер Елбаз, кој креира за Ив Сен Лоран

Славниот дизајнер Албер Елбаз (59), познат по тоа што креира за Ив Сен Лоран и за Ланвин, почина од компликации од коронавирусот. Тој три недели се борел со болеста, а починал во болница во Париз.

Веста за смртта на Елбаз ја потврдија и од компанијата „Ришмонт“, со која тој работеше на создавањето на својот сопствен бренд AZ Factory.

Од дизајнерот се простија неколку познати личности, меѓу кои и манекенката и поранешна прва дама на Франција, Карла Бруни-Саркози, и неговата долгогодишна пријателка, колумнистката на „Вог“, Сузи Мекенс.

Елбаз е роден во Мароко, растел во Израел, а се школувал во Франција.

Scroll to Top