По ревијата на „Долче и Габана“ што се одржа пред неколку дена во Милано, македонската манекенка Ивана Манас беше дел од ревијата на американскиот моден дизајнер Рик Овенс во Венеција.
Овенс ревијата ја организираше покрај море и на необичен начин ја претстави својата нова колекција есен-зима 21/22. Ивана за ова модно шоу носеше три негови дизајни.
Овенс , освен што креира облека, има и негова линија мебел, која е инспирирана од архитектонските елементи на брутализмот, како и од германските бункери од Втората светска војна.
„По ревијата, Ивана се врати во Милано и повторно тргнува на кастинзи и на работа на нови закажани проекти“, велат од нејзината матична агенција „Моделс ин менаџмент“ и додаваат: „Очекуваме наскоро да ја видиме во Париз или Њујорк“.