Од рак почина Вирџил Абло, модниот директор на „Луј Витон“

By

Модниот дизајнер Вирџил Абло кој до неодамна беше и моден директор за машката колекција на „Луј Витон“, почина од рак на 41 година. Абло беше меѓу омилените дизајнери и соработници на модели како Наоми Кембел, Кендал Џенер, Бела Хадид.

dobivaj vesti na viber

Веста за неговата смрт е објавена на неговиот инстаграм-профил на кој пишува дека Абло повеќе од две години се лекувал од ретка, агресивна форма на рак.

„Тој одбра да ја води оваа битка далеку од очите на јавноста, откако му беше поставена дијагнозата во 2019 година. Помина низ многу тешки третмани, сето додека работеше со значајни институции од областа на модата, уметноста и културата. Вирџил беше посветен на својот занает и на мисијата да ги отвори вратите за другите и да создаде патишта за поголема еднаквост во уметноста и дизајнот. Тој често велеше: ‘Сè што правам е за 17-годишната верзија на мене’, верувајќи длабоко во моќта на уметноста да ги инспирира идните генерации“, стои во објавата.

Ќе ви се допадне