Ова лето морате да одберете костим за капење со животински принт

Анималниот принт се врати и направи општ бум

Не само што е во вид на здолниште, фустан и блуза, туку е и во облик на атрактивни костими за капење. Ако ова лето на базен или на плажа сакате да бидете забележани, вашиот сигурен избор е анималниот принт. Трагите на леопард, тигар и змија се тотално ИН, а со костимот за капење во овој дезен ќе изгледате неодоливо.

Змиски принт за оние најсмелите

Резервиран за дамите кои знаат што сакат и знаат како тоа да го добијат. Овој принт е препознатлив, но не е наметлив. Изгледа речиси неутрално, а совршен е во комбинација со потемен тен. Доколку сакате да ја истакнете својата женственост, змискиот принт е создаден за тоа. Едноделната комбинација на костимите за капење со длабоко деколте или дводелни во вид на спојување на контрастен црн долен дел и змиски горен дел ќе изгледа потполно фантастично.

Леопардов принт

Достапни се во контрастни и неутрални варијанти. Овој вид бикини изгледаат предизвикувачки и ја истакнуваат силуетата на девојката која го носи. Ако преферирате стил од 90-тите, со висока половина и едноставен горен дел, вашата појава ќе биде фантастична на плажа. Исто така, потполно неодоливи и модерни се оние парчиња со ленти преку стомакот во варијанта на едноделни костими или дводелни кои се врзуваат во пределот измеѓу градите.

Погледнете во нашата галерија и пронајдете ја својата инспирација за ова лето.

Scroll to Top