Оваа есен носете кимоно

Пролетниот моден хит кимоно ќе се носи и оваа есен. Со ова модно праче секогаш се издвојувате од толпата, а истовремено е и многу практично. Во слоевитите есенски комбинации кимоното ќе се носи и над фустанот или здолништето. Воедно, тоа пристигнува и во некои нови форми – како комбинезон или блуза, чии краеви ќе може да ги заврзете во јазол или панделка. Секако, ќе го зачини вашиот изглед, дури и ако го носите само со обични фармерки и маичка правејќи ја многу поефектна таквата комбинација.

Scroll to Top