Пантолони со превиткан појас – стилскиот трик на Бела Хадид

Бела Хадид неколку пати докажа дека ѝ се допаѓа стилот од 2000-тите.

Таа е забележана во текот на шопингот во Њујорк, каде носи едноставен, но доста ефектен стајлинг, потпирајќи се не само на кројот на облеката, туку и на стилизацијата.

Конкретно, носеше кроп топ во бела боја кој совршено го истакнува нејзиниот рамен стомак, широки пантолони со превиткан појас и лежерна кошула.

Наочарите за сонце и обетките, како и ѓерданот и обетките со перли, го надополнија стајлиног на Бела која го избра за одење во продавница каде купи предмети за дома.

Scroll to Top