Панталоните удобни како тренирки шик оваа есен

Лесно се комбинираат со бројни парчиња облека и обувки.

Минатата година, скоро и да немаше трендсетерка која тренерката не ја замени со елегантен плетен сет за време на карантин. А тоа ќе се случи и оваа есен.

Плетените растегливи панталони, кои изгледаат далеку полуксузно од тренерките, а обезбедуваат топлина и целодневна удобност, сè почесто може да се најдат на полиците од познатите брендови за облека.Иако трендсетерките претпочитаат да ги носат со соодветен горен дел, како што е топ или кардиган, но исто така можете плетените панталони да ги искомбинирате и со други основни парчиња.

Покрај тоа, овој удобен модел на панталони, во споредба со тренерките, може да се носи со неколку видови обувки, а покрај сето погоре наведено, тој е украсен и со класичен изглед, поради што со право се смета за вредна инвестиција.

 

Scroll to Top