Патиките инспирирани од 90-тите се повторно хит

By

Патиките во духот на 90-тите се хит на улиците оваа пролетна сезона. Полека, но сигурно, веќе забележуваме како некои луѓе ги заменија своите длабоки и гломазни чими со омилените патики. Од ретро модели, преку грди патики до најновите технолошки напредни, патиките издржаа други трендови кои циклично кружат со години и опстојуваат и покрај нив.

dobivaj vesti na viber

Патиките одамна ја надминаа својата првобитна улога на рекреативни или спортски чевли, па денес тие се фундаментално парче на модните зависници како Ана де Армас, Џесика Алба или Хејли Бибер кои вешто ги комбинираат овие чевли со фустани, здолништа, панталони, фармерки.

Нивната безвременост и разноврсност направи да сакаме да ги носиме во различни пригоди, така што во многу случаи ги заменуваат дури и елегантните потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adenorah ♏️ (@annelauremais)

Стајлајт, кој се занимава со навиките на клиентите, анализираше околу 160 милиони корисници и дојде до интересни податоци. Најпопуларните патики кои ќе бидат најбарани оваа година се ретро моделите инспирирани од 90-тите како Њу Баланс кои ги обожаваат многу познати трендсетерки како Каји Гербер, Емили Ратајковски, Кендал Џенер, но и шик Французинките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leia Sfez (@leiasfez)

Споменатите патики бележат пораст на побарувачката од дури 94 отсто во однос на ланскиот февруари, а се носат со сè, од тренерки до кожени панталони и фустани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Mory (@tamaramory)

Уште еден тренд кој брзо и неочекувано расте, се патиките со дебел ѓон. Такви модели веќе има во понудата на хај стрит брендовите, но и луксузните брендови како Прада. Нивната популарност рапидно расте, па дури побарувачката е зголемена за 72 отсто повеќе во однос на ланскиот февруари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julie Sergent Ferreri (@juliesfi)

Не треба да ги заборавиме удобните и разновидни патики со нагласен спортски дизајн, чии модели стануваат нова омилена обувка и надвор од спортските терени. Пребарувањата на „Гугл“ за вакви модели се зголемени за 33 отсто во споредба со ланскиот февруари.

Четвртиот тренд поврзан со спортските обувки оваа година е фокусиран на т.нодржливи модели кои денес стануваат приоритет за сè повеќе клиенти.

Познатиот одржлив бренд на патики Веја забележа пораст во побарувачката од 31 отсто во однос на лани, а војвотката Кејт Мидлтон исто така со задоволство носи патики од овој бренд.

Друг тренд за оваа година се патиките во пастелни бои, а овие чевли, во склад со сезоната пролет/лето, имаат зголемен интерес за 23 отсто.

Ќе ви се допадне

https://go88.gg/

đánh bài đổi thưởng sunwin