Пет идеи што може да направите со старите фармерки

Фармерките се парче облека кое можеме да го најдеме во сечиј орман.

Тие се еден од најсвестраните парчиња, воглавно поради фактот дека класичните фармерки се вклопуваат практично со сите работи од орманот. Постојат модели кои ги обожаваме и ги носиме со години. Но, што да направите со своите стари фармерки како би им дале нов живот?

Денес имаме некои идеи за вас кои ќе ве инспирираат старите фармерки да ги направите понови и помодерни.

Интересните предлози, погледнете ги во продолжение:

Дупки и гребаници

Неодамна ваквите пантолони станаа хит – славните личности сакаат модели со гребаници и дупки. Таквите пантолони можете и самите да ги креирате. Користете некоја абразивна хартија или камен за благо триење.

Хоризонталните дупки најдобро е да ги направите со нож или ножици, а потоа да ги „зашиете“ рабовите со абразивна хартија – до таа мерка да добијат задоволувачки изглед. Ефектот на „затворната дупка“ се одбива така што прво подрачјето се третира со брусена хартија и потоа се извлекува конецот од дупката. На тој начин ќе створите дупка низ која телото едвај ќе биде видливо.

Нека бидат пократки – направете шортс

Ако пантолоните ви здосадиле, или пак, се уништиле на колената, тогаш само скратете ги! Благодарение на тоа, ќе ги си ги задржите своите омилени фармерки кои случајно се обоиле со црвено вино. Како тоа да го направите?

Облечете ги пантолоните, застанете пред огледалото и означете ја саканата длжина од внатрешна и надворешна страна од работ. После соблекувањето, со ножици отсечете ја линијата која ги поврзува тие две точки. На крајот, можете да го средите работ на шортсот по желба – да го подрабите или да ги оставите конците слободно да висат.

Нова боја – фарбање на фамерките

За боење на фармерките потребна ви е боја за ткаенини. На пазарот постојат различни видови производи – обично во облик на прашок. Некои од нив бараат претходно перење и оставање на пантолоните во врела вода, другите бараат „готвење“ на фармерките заедно со бојата. Без разлика на тоа кој метод ќе го употребите, секогаш внимателно прочитајте ги упатствата на пакувањето како би го постигнале саканиот ефект. Запамтете дека со употребената боја нема да ги осветлите пантолоните, можете само да ја освежите бојата, сините фармерки да ги обоите во црно, а светлите да ги претворите во шарени.

Стикер манија – вез и закрпувања

Ружи, животински теми, цртани лекови – сето тоа можете да го имате на пантолоните. Изберете закрпувања кои се совршени за вас. На тој начин можете да ги зачините своите пантолони и притоа со таквите стикери да го покриете местото кое е извалкано или оштетено. Овие шарени апликации можат да се нанесат со помош на пегла.

Разбудете ја фантазијата во себе – покажете ја својата личност

Закрпувањата не се единствениот елемент кој можете да го додадете на фармерките. Кога ја изразувате својата личност, ништо не би требало да ве ограничи. Не плашете се од интересните линии, употребете светки, сјај, нитни, метални додатоци. Сѐ е дозволено.

Стручњаците советуваат да се инспирирате од уличната мода или модните ревии на големите модни куќи и пронајдете го стилот кој вам највеќе ви се допаѓа. Можете да се забавувате и на тој начин да се грижите за животната средина – продолжувајќи го животот на старите фармерки.

Scroll to Top