Почина легендарниот француски дизајнер Пјер Карден

Легендарниот француски дизајнер Пјер Карден почина во болница во близина на Париз на 98 години. Веста за смртта ја соопшти неговото семејство. Познатиот дизајнер важи за револуционер во модата со своите футуристички и стилски дизајни во 50-тите и 60-тите години. Тој беше и пионер во модниот бизнис, а со своето име брендира голем број продукти.

„Ова е тажен ден за нашето семејство. Пјер Карден го нема повеќе. Ние многу се гордееме на неговата амбициозност и на смелоста што ги покажуваше во животот“, стои во соопштението од семејството.

Пјер Карден е роден во Италија во 1922. Како дете се преселил во Франција. Кариерата во модата ја почнал соработувајќи со имиња како Диор и ги дизајнирал костимите за филмот на Жан Кокто, „Убавицата и ѕверот“, од 1946 година.

Scroll to Top