Приказната „Алиса во земјата на чудата“ е новиот календар на „Пирели“

„Пирели“ ги објави фотографиите од својот календар за 2018 година. „Пилери“ вторпат (прв пат во 1987) раскажува за црната убавина.

Снимени од Тим Вокер, моделите на „Пирели“ ги глумат ликовите од „Алиса во земјата на чудата“. Улогата на Алиса ја доби австралискиот модел Даки Тот. Но, покрај неа, тука се  Наоми Кемпбел, Лупита Нјонго, Вупи Голдберг, Ру Пол, Џимон Хунсу и Брадер, Пи Диди.

„Важно е приказната за Алиса да им се раскаже на новите генерации. Нејзините авантури во чудесната земја го отсликуваат светот во кој живееме денес: пречките што треба да ги надминеме и идејата да се слават различностите. Да се види црна Алиса значи дека децата од сите раси може да ја прифатат идејата за различност од најрана возраст. Така учат дека убавината доаѓа во сите бои“, вели стилистот на календарот, Едвард Енинфул.

Својот прв календар „Пирели“ го објави во 1963 година.

Scroll to Top