Провокативни фармерки со линии од страна

Дали имате омилен пар фармерки или сите подеднакво ги сакате?

Откога се појавија, приближно на половината на 19 век, фармерките завладеаја со светот. Некогаш носени како работно одело, тие еволуираа и станаа општо прифатен тренд. Класични или стилизирани, тие во себе секогаш ќе го носат својот првобитен шарм и карактеристичната трајност. Нашата денешна тема ги опфаќа модерните и шик фармерки со линии од страната. Доколку сакате класика со додаток на стил, ова парче облека не смеете да го пропуштите.

Толку се удобни и фантастични, што е можно да ги комбинирате со сите модни предмети од летните кошули, преку топ маичките, па сè до блејзерите. Освен тоа, без разлика дали сакате изразени потпетици или рамни обувки, со фармерките кои имаат бочни линии ќе изгледате феноменално. Тие не само што ја издолжуваат вашата фигура, туку воедно и прават да изгледате грациозно и витко.

Ниски и високи потпетици

Речиси ништо повеќе не ѝ ласка на женската појава од високите потпетици и линиите од страна. Замислете ја само таа елеганција  кога од шарените линии ќе прејде на високите потпетици. Исто така, доколку не ви е потребен додатокот во вид на високи потпетици и повеќе сакате малку пониски потпетици, со фармерките со бочни линии кои ја следат линијата од вашите колкови до глуждовите ќе изгледате шик и привлечно. Сензуалните линии ќе ја нагласат вашата појава и ќе направат целиот фокус да падне на вашите облини.

Рамни чевли и патики

Доколку преферирате минималистички стил, лесно ќе го постигнете со бели патики, фармерки со висока половина со бочни линии, како и неутрална маичка. Од друга страна, ако тежнеете кон лежерен, неупадлив изглед, обидете се својот стил да го истакнете со рамни чевли и опуштена варијанта на фармерки на кои доминираат линиите од страна. Толку е едноставно да носите чевли и патики со сите модели од овој вид фармерки што тешко ќе ги оставите на страна и откако ќе помине летото.

Scroll to Top