Работи кои секоја жена мора да ги има пред триесетите

Работи кои ќе ви помогнат да заблескате, но и да го изградите сопствениот стил…

Класични црни штикли

Без разлика дали сакате повеќе балетанки или платформи, секоја жена едноставно мора да има класични црни штикли – квалитетни и удобни, со безвременска убавина и дизајн кој ќе го носите со години.

Одело по мерка

Воопшто не е битно со какво професија се занимавате – оделото кое совршено ви стои е неизбежно парче кое секогаш добро ќе ви дојде. Водете сметка да купите/скроите одело од квалитетен материјал и боја која ви одговара на вашето тело.

Омилено цвеќе

Кога славите роденден, годишнина, деловен успех или нешто десетто, многу ваши пријатели и познаници ќе посакаат да ве израдуваат со цвеќе. Потрудете се вашите најблиски да знаат со кое цвеќе ќе ве развеселат.

Безвременски часовник

Квалитетниот часовник чини прилично доста пари, но тој е инвестиција за цел живот. Купете часовник кој ќе ви прилега секогаш и чиј квалитетен дизајн никогаш нема да излезе од мода.

Препознатлив кармин

Пронајдете нијанса на кармин која совршено ќе ви прилега и која ќе ви одговара апсолутно на сè што ќе ви падне на памет. И имајте го секогаш при рака.

Најдраг парфем

Можеби не сакате парфеми, но во тој случај најдете млеко за тело, масло или гел за туширање од кое ќе се чувствувате најдобро. Нека ве препознаат најблиските по мирисот.

Омилено парче накит

Заборавете на евтината бижутерија и стотиците парчиња кои ќе лежат фрлени во некоја фиока. Вложете во она кое го сметате за совршено парче накит и носете го секогаш кога и посакате да се почувствувате посебно, женствено и убаво.

Квалитетна торба

Задолжително купете си една голема торба од вистинска кожа која ќе ви трае со години и чиј дизајн секогаш ќе биде еднакво модерен и привлечен.

Грациозен капут

Оставете ги лошите и неквалитетни материјали на страна и инвестирајте во квалитетен, убаво скроен капут од вистинска волна и природни материјали кои ќе ве грее бројни зими и притоа ќе ја истакнете убавината на вашето тело.

Мал црн фустан

Ах, ова парче е тема сама по себе. Со причина е парче кое мора да го има во секој гардеробер затоа што нема прилики во кои нема да ви одговара.

Scroll to Top