Ралф Лорен прави поло-маички од пластични шишиња

Американскиот моден дизајнер Ралф Лорен (81) оваа сезона претстави поло-маички кои се изработени од рециклирани пластични шишиња. Новата колекција Лорен ја нарече „Земја поло“, а е наменета за сите кои посветуваат внимание на одржливоста на модата.

Секоја од поло-маиците потпишана од Лорен се произведува во просек од 12 рециклирани пластични шишиња, што зборува за еколошката револуција во модниот свет.

Колекцијата е достапна во девет бои и дезени за жени и во 11 комбинации за мажи. Новата генерација поло-маици е произведена во соработка со организација „Фрст мајл“ и е насочена кон одржливост во модата и создавање позитивно социјално влијание.

„За да ја направиме облеката решивме да соработуваме со малите бизниси од заедници со ниски примања. Тие треба да соберат доволно пластични шишиња за рециклирање, кои потоа се обработуваат преку уникатна и еколошки производствена програма и се претвораат во висококвалитетен материјал“, велат од компанијата на американскиот дизајнер.

Scroll to Top