Развратна љубовница и дама во новата колекција на Викторија Арсовска

By

Со колекцијата од 12 аутфити, комплексност во кроеви, иновативност во спојот на материјали и колор кој пресликува една скриена емоција дизајнерката Викторија Арсовска ќе ја претстави својата есен-зима колекција на претстојниот Моден викенд – Скопје.

„Во моделите се презентирани                                                                                                     женственост и сексапил преку кроевите инспирирани од машки униформи и преку машката грубост на посебно избрани материјали“, вели модната дизајнерка Арсовска.

Во модната приказна се вклучени и корсети затскриени со капути и елеци од чоја и кожа, свилени фустани во комбинација со кожени колани и метални копчиња, додека лелеавоста на истите се противи на крутиот штоф.                                                                                                                                                      Целата колекција, според дизајнерката, е приказ на храбриот чекор на жената, како дама и бунтовник истовремено, како доилка и војник во една паралела, како љубовница во панталони која ужива во разни разврати и скандали кои се табу-теми.

Ќе ви се допадне