Ревијата на Версаче која направи модна револуција во 90-тите

Есенската колекција на брендот „Версаче“, под водство на дизајнерот Џани Версаче од 1991 година, направи револуција во модната индустрија.

Моментот кога на пистата се појавуваат неговите музи – Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон, рака под рака, во едноставни куси фустани, пеејќи ја „Фридам“ од Џорџ Мајкл, е еден од највпечатливите тогаш, но и денес.

Ревијата беше полн погодок и кога се трендовите во прашање – длабоки кожени чизми, костими со нагласени раменици, плетени мини-здолништа, богата палета бои и принтови. Нешто што и денес би го привлекло вниманието на сите љубители на модата. Модната критичарка Робин Гивхан го објави својот став за ова модно шоу во „Вашингтон пост“ велејќи: „Џани Версаче личи на титан кој ја крева модата од мртвите“.

Scroll to Top