Шарлиз Терон е фотографирана на улиците во Лос Анџелес. Таа носела лежерно син фустан и сина шапка.
За комбинацијата што ја избрала модните критичари коментирале: „Шарлиз покажа како треба да биде облечена добро стилизирана жена“.
„Токму фустанов ќе биде водечкиот тренд оваа пролет“, велат модните експерти. „Поради кројот, во него сечија фигура изгледа повито, а идеална е за оние дами што сакаат да ги скријат вишокот килограми на стомакот“, додале тие.
Според нив, вреди да се инвестира во фустанот бидејќи може да се носи и во лежерни и во посвечени пригоди. Во зависност од обувките и модните додатоци, лесно се приспособува за секоја пригода.
На располагање ќе го има во голем избор на бои, а експерти велат дека најмодерни ќе бидат розовата, сината и црвената боја.