Шест најпосакувани „Диор“ чанти

Говориме за најпопуларните „Диор“ чанти кои се регистрирани на листата на желби кај модните активисти ширум светот.

Во светот на модата, секој дизајнер или стилист одлучува за себе колку внимание ќе посвети на модните додатоци. Некои креираат модерни стајлинзи со помош на екпресивна облека, додека други бираат облека на класична силуета и неутрални нијанси, а клучната улога ја играат модните додатоци чанти, накит, чевли.

Маестро Кристијан Диор беше поборник за спектакуларните додатоци. „Додатоците се составен дел на елеганцијата“, рече во една пригода. Сега Диор е модна куќа на чело со Марија Грација Кјури ја продолжува традицијата на брендот Кристијан Диор и обратува посебно внимание на чантите.

Како и секој луксузен бренд со богата историја, Кристијан Диор во сите свои колекции складно ги комбинира минатото и сегашноста, освежувајќи ги култните модели на додатоци и создавајќи нови. Посебно се истакнуваат чантите на француските куќи кои се многу скапи и ја имаат модната публика која најмногу бара. Некои модели се појавиле уште во 90-те (на пример, Lady Dior).

На нашата листа има шест Кристијан Диор чанти, за кои сите сонуваат:

Lady Dior

Година на создавање: 1995.

Дизајнер: Џанифранко Фере.

Музи: принцезата Дајана; Марион Котиљар; Дакота Џонсон.

Зошто ја сакаме оваа торба?

– Затоа што според некои извештаи, името го добила во чест на принцезата Дајана која често ја нарекуваат и Лејди Ди. А, исто така и поради безвременоста, практичноста и елеганцијата.

Saddle

Година на создавање: 1995.

Дизајнер: Џон Галиано.

Музи: Кери Бредшо; Парис Хилтон; Бијонсе; Бела Хадид.

Зошто ја сакаме?

– Поради практичните кратки рачки, необичната силуета и грандиозното враќање на модниот пиедестал.

Diorama

Година на создавање: 2015.

Креатори се кративниот тим на модната куќа Диор.

Музи: Ријана; Џенифер Лоренс.

Зошто ја сакаме?

– Поради модерниот дизајн, разновидните бои и функционалноста.

Book tote

Година на создавање: 2018.

Дизајнер: Марија Грација Кјури.

Музи: сите светски блогери и влијателни луѓе.

Зошто ја сакаме?

– Поради пространоста, обликот и разноликоста.

Camp

Година на создавање: 2019.

Дизајнер: Марија Грација Кјури.

Музи: Шерлиз Терон; Кјара Ферањи; Адвоа Абоа.

Зошто ја сакаме?

– Поради нејзината естетика, практичност (може да се носи преку рамена и тело) и пространоста.

30 Montaigne

Година на создавање: 2019.

Дизајнер: Марија Грација Кјури.

Зошто ја сакаме?

– Поради шармантната едноставност, класичниот дизајн и совршената величина, која ви одговара да ја користите чантата во било која пригода и во кој било период од денот или ноќта.

Scroll to Top