Шик нараквици за глуждовите кои ќе го надополнат вашиот стил

Ако ги следите модните трендови знаете дека одењето на плажа не може де биде само во костим за капење и со крема за сончање во торбата.

Додатен аксесоар е она што е неизбежно, дури и на плажа. Во оваа пригода решивме да ве инспирираме со модерен накит за на плажа кој се носи околу глуждот и е апсолутен хит ова лето!

Фантастичните нараквици кои се носат околу глуждови се сето она што летово ни недостига за да бидеме шик и во тренд. Безвременски и модерно стилизирани, тие придонесуваат  вашите нозе и стапала да изгледаат елегантно. Без разлика дали сакате едноставни детали или некои впечатливи модели, ова лето подеднакво ќе се носи накит во двата правци.

Бохо-стилот ни се завлече под кожата и одбива да нè напушти дури и на плажа. Овој стил едноставно ги обожава ваквите парчиња накит и едвај чека со своето присуство да ја истакне вашата убавина. Ако сте личност со слободен дух, која обожава да ги завлечкува деталите околу глуждовите, ваквиот накит е како создаден за вас во текот на летните месеци. Бисерите, школките, златниците, синџирите и полудрагоцените камења влегуваат во составот на впечатливиот накит за на плажа, кој смело ќе ја истакне вашата појава. Препуштете се за момент, затоа што со бохо-накитот на плажа не можете да погрешите, ниту да претерате.

Друга опција е деликатниот накит, кој го истакнува вашиот стил, но не го прави наметлив. Златните, сребрените, како и сите други варијанти на деликатниот накит се посакувани ова лето, во комбинација со ситните детали кои му даваат изразеност.

Scroll to Top