Што велат етикетите на облеката…

Етикетите на облеката носат важни информации за составот и одржувањето на производите, но често не се толку досадни или сувопарни како што на прв поглед изгледаат.

Спремањето и сортирањето на облеката за перење умее да биде мошне заморно. Треба да се следат правилата кои се наоѓаат на етикетата како правилно би ја испрале облеката. Но, овие етикети кои ќе ви ги приложиме во продолжение не носат само упатства за составот и одржувањето! Тие не се преполни со сувопарни информации, туку на нив може да се пронајдат секакви лудории и занимливи упатства за животот.

Еве некои од најдуховитите:

„Или дај на својата мајка. Таа најдобро ќе знае што да направи со него.“

„Со ова можеби ќе се почувствуваш како суперхерој. Немој да се обидеш да полеташ.“

„Немој да пеглаш, ќе бидеш тажна!“

„Секогаш пери го својот задник.“

„Малку љубов далеку стига.“

„Не јади пица после полноќ.“

„Сакај го својот комшија, но не облекувај се како него.“

„Можеш да играш доколку посакаш.“

„Немој да се соблекуваш во јавност и немој да трчаш низ улица кршејќи ги автомобилските стакла.“

„Се гледаме на другата страна.“

To-do листа: Немој да играш. Виски. Виски. Виски. Играм.“

„Биди добар човек. Кажи им на родителите дека ги сакаш. Понекогаш јави ѝ се мајка ти. Погали ја својата мачка!“

„Едно јаболко на ден, и држи го докторот настрана!“

„Секогаш носи го на првиот состанок и супер ќе си поминеш.“

Scroll to Top