Синтија Ериво во уникат на „Луј Витон“: Врвна мода на Греми

Кога станува збор за стилот на сезоната на награди, Синтија Ериво е моден камелеон. Од флуоресцентни неонски нијанси до комплетно украсени балски фустани, актерката никогаш не се плаши да ги надмине границите. И пак тоа го покажа на 63. издание на музичките Оскари- Греми.

Ѕвездата, која беше номинирана за Греми за најдобра песна напишана за визуелни медиуми, за „Stand Up“, не се најде на црвениот килим во Лос Анџелес, но, сепак, со својата тоалета од високата мода на Луј Витон даде гламурозен печат на наградите Греми.

Стилистот на Ериво, Џејсон Болден сподели серија фотографии од ѕвездата. Везената тоалета од глава до петици е дизајнирана со употреба на „комплексен“ метод на вез, за кои биле потребни потребни над 60.000 стаклени зрна, кристали и светки.

Scroll to Top