Изминатиов перид сите зборуваа за тоа какви обетки и ѓердани се во мода. Но, што е со белезиците? Иако исчезнаа од модната сцена некое време, сепак тие се враќаат на модната сцена токму сега.
Слоевитите белезици беа огромен тренд во 2010 година кога речиси беше задолжително да се натрупуваат на зглобовите во комбинација со рачен часовник. Сега, речиси една деценија подоцна, овој тренд се враќа во мода. Ви ги пренесуваме нашите омилени идеи.
Двојни белезици
View this post on Instagram
Ако не сте љубител на премногу накит околу вашата рака, секогаш можете да изберете само две белезици.
Необични комбинации
View this post on Instagram
Иако можеби ќе бидете во искушение да комбинирате злато со злато или сребро со сребро, факт е дека тоа не е ни многу важно. Можете да измешате разни видови метали и да си играте со стиловите.
Колку повеќе, толку подобро
View this post on Instagram
Колку повеќе алки редите на зглобот, толку позабавен и потренди ќе изгледа вашиот целосен изглед.
А што е со другиот зглоб?
View this post on Instagram
Зачинете го изгледот
View this post on Instagram
Додадете малку сјај во специјални пригоди. Со комбинација на белезици, приспособете ги и слоевитите ѓердани.
Додадете боја
View this post on Instagram
Шарените бисери се вратија во мода, особено за летната сезона. Не плашете се да го обоите вашиот изглед!