Постојат некои стајлинзи кои никогаш нема да излезат од мода. Баш таков е и овој со кој се прошета бразилската манекенка Александра Амбросио (40) која е секогаш средена, дури и кога шета низ улиците на Лос Анџелес.
Широки тексас фармерки, класична атлет бела маичка и кошула во истата боја мора да има секоја жена од стил во својот гардеробер. Овие парчиња се клучни за постигнување добар аутфит и секогаш се сигурно решение.