Супер моделите од 90-тите се обединија за Версаче

Вчера во Милано се одржа ревија на Донатела Версаче посветена на брат ѝ, легендата на модниот дизајн, Џани Версаче. Целата ревија беше врвно доживување, но кулминацијата ја оставија за крајот кога на пистата Донатела се појави заедно со супер моделите од 90-тите – Наоми Кембел, Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Карла Бруни и Хелена Кристенсен, кои се реобединија во име на Џани Версаче.

Оваа година се навршуваат 20 години од неговата трагична смрт во Мајами. Тоа беше и поводот за спектакуларниот трибјут што Донатела го посвети на својот брат кој ја задолжи модната индустрија.

Целиот фокус беше на животот и делото на Џани Версаче. Моделите на пистата се редизајн на неговите легендарни колекции во период од 1991 до 1995 година кога тој го достигна врвот: Vogue, Warhol, My Friend Elton, Icons, Baroque, Animalia, Native Americans, Tresor de la Mer, Metal Mesh и Butterflies.

Scroll to Top