Тиркизната боја е хит оваа есен

Облеката во различни нијанси на тиркизната боја одлично се комбинира со многу други бои.

Есенската мода оваа година е незамислива без тиркизно модно парче. Според трендсетерките, оваа нијанса помеѓу сината и зелената е апсолутен хит оваа сезона. Доколку не сте љубители на посветли бои во ова време од годината, тогаш доволен ви е само еден детаљ за да ја „разбиете“ потемната облека и да ја направите вашата комбинација поинтересна.

1. Капут

Тиркизното палто оди добро со спортски парчиња облека и патики

2. Мек и топол џемпер

Волнените, плетени работи често изгледаат практично и интересно во оваа боја, особено ако ги комплетирате со чанта во кафеава нијанса.

3. Крзнена јакна

Доаѓа постудено време, а тиркизната крзнена јакна е одлично зимско парче облека што лесно може да се комбинира.

4. Комплетна комбинација во тиркизна боја

Нијансите помеѓу сината и зелената изгледаат одлично ако ги искомбинирате од глава до пети, особено ако ги „разбиете“ со чанта во посилна боја.

5. Кратка сјајна јакна

Кога станува збор за текстурите, сјајните се популарни оваа сезона, под влијание на бисер и метал.

Scroll to Top