Топ модели кои не смеете да ги пропуштите ова лето

Кога е во прашање освежувањето на летната гардероба, едно е сигурно: здолништето никогаш не недостасува на листата на основни предмети кои можете да ги купите ако ја имаме предвид врелата сезона:

Жртвувани во текот на зимските месеци, скриени предолго под капутите, здолништата се работи кои се спремни да се вратат во средиштето на вниманието и стануваат неприкосновени кралици на нашиот изглед.

За во канцеларија – миди во комбинација со сандали или балетанки, за на плажа лелеав макси со еспадрили или рамни сандали, за посебни вечери ултра мини со сандали.

Љубителките на мини можат да сметаат на рафинираните верзии, со вичи принт, карнери или во хипер женствени бои. Дамите кои се обложуваат на сестраноста на миди здолништата, ова лето можат да вложат во моделите од тил. И секако, долгите здолништа не би можеле да недостигаат на списокот за летен шопинг. Меѓу задолжителните модели се оние со животински мотиви, со романтичен цветен принт, од сатен или со  детали од тантела.

Најинтересните предлози од модните брендови погледнете ги во нашата галерија со фотографии.

Scroll to Top