Трикови за инстантен шик

Ви откриваме некои мали трикови со кои секогаш можете да изгледате шик…

Држете се до облеката која најдобро ви прилега. Доколку случајно сè уште не знаете кои кроеви најдобро ви одговараат, откријте го тоа што поскоро. И најскапата облека чиј крој нималку не ви одговара едноставно ќе изгледа лошо на вас, па затоа водете повеќе сметка околу тоа дали некои парчиња навистина ви прилегаат или не без разлика колку и да сте го платиле.

Добро проучете го изборот и ако е потребно, изоставете го накитот. Накитот и купчето други модни додатоци не мораат да бидат составен дел од секоја ваша комбинација. Доколку се одлучите за здолниште богато со изразен принт и текстура или, пак, доколку вашиот горен дел со своите детали предизвикува внимание, тогаш накитот не ви е потребен. А кога ќе се одлучите за носење накит, носете го правилно! Немојте одеднаш да го носите сиот накит што го поседувате и внимавајте какви парчиња комбинирате со нив. Бисерите, златото, среброто и бижутеријата дефинитивно не одат заедно.

Внимателно бирајте ја долната облека. Мидерите, гаќичките со висока половина, долната облека во боја на кожа, како и долната облека без рабови значајно може да го поправи вашиот изглед, како што и потполно погрешниот избор може во секунда сè да упропасти. Секогаш имајте го тоа на ум!

Ако сте во можност, бирајте високи потпетици. Затоа што на нив едноставно изгледаме поелегантни, повитки, поженствени. Но, доколку знаете дека ќе стоите/или одите со часови, заборавете на нив и едноставно на ум имајте го здравјето и удобноста. Секако, набавете си чевли со потпетица од 5 см кои се сестран компромис токму за ваквите ситуации.

Секогаш бирајте да изгледате „недовршено“. Доколку сакате да играте чик, лежерно и опуштено, внимавајте да не делувате претерано исполирано. Не мора баш секое влакно да биде на своето место, кошулата слободно може немарно да ѕирка од здолништето или панталоните, а ракавите смеат да бидат нееднакво превртени. Не само што смеат, туку тоа е и пожелно. Сè додека не почувствувате пригода која бара строго пропишан дрес код.

Scroll to Top