Уличен стил: како да носите XXL-кошула ова лето

Асиметричните и лежерни кошули ги заменија строгите и веќе станаа основен елемент во женската гардероба.

Кошулите со машки крој стекнаа голема популарност благодарение на Марлен Дитрих. Во тековната сезона таквите кошули заблескаа на ревиите на многу познати брендови. Мораме да кажеме дека инвестицијата во лежерна кошула е правилен чекор затоа што можете да ја носите на неколку начини и секогаш да изгледате модерно, а воедно и да се чувствувате пријатно.

Како да комбинирате XXL-кошули ова лето ќе ве научиме преку примерите од светски познатите ѕвезди на уличниот стил.

Со корсет

Корсетите се запазен тренд на модните писти оваа сезона. Немојте да мислите дека тие, како и велот, се атрибути на дамнешните денови. Корсетот ќе ви помогне ефективно да ја истакнете половината и ќе му даде драматичност на изгледот.

Со мини здолниште

Преголемата кошула добро се комбинира не само со долгите туку и со смелите мини здолништата.

Со панталони

Идеална комбинација за канцеларија, деловни состаноци и за вечерни прошетки. Комбинацијата од кошула и панталони ќе ви помогне во создавање нетривијален секојдневен изглед, а тоа го докажуваат и модните блогерки.

Со фармерки

Доколку ви е тешко да се одвоите од саканите фармерки, не морате тоа ни да го правите. Класичната комбинација – кошула + фармерки нема да изгледа досадно доколку си поиграте со модните додатоци: на пример, додадете торба или огромен синџир.

Со долго здолниште

Комбинирајте долго здолниште со долга кошула! Храбар тандем кој ќе направи во друштвото да поминете забележано.

Наместо фустан

Долгата бела кошула лесно ќе го замени фустанот, а грубите чизми и финиот плетен елек ќе ви помогнат да го надополните изгледот.

Scroll to Top