(ВИДЕО) Како се прави лудило од модна ревија!

Големите модни куќи се обидуваат на сите начини да ги привлечат купците, а Недала на модата во Париз е одлична можност за демонстрација на богатството и моќта.

Во „Диор“, се решија да во таа прилика направат ревија која кратко и јасно можеме да ја наречеме: Има се, може се!

Замислете модна писта околу која се наоѓаат 2500 квадрати егзотична дрвена градба од Габон, повеќе од три тона дрво Баобаб, две Редвуд (секое од по пет тона), плус неколку стотина стебла…

Се прашувате – за што ќе служи сето тоа?

Па, да публиката се чувствува како да е во некое егзотично опкружување, а не во Париз.

Погледнете како се прави таква сцена:

За се е заслужен италијанскиот уметник Пјетро Руфо, кој на Инстаграм објаснил дека целта му била да направи амфитеатар, кој го осмислил така да секој негов дел претставува втор континент.

И на крајот сето тоа изгледаше вака:

 

Scroll to Top