Зимава ни претстојат доста впечатливи модели на накит. Екцентрични парчиња со гломазни величини украсени со скапоцени камења во неколку бои.
Вечниот детал што асоцира на луксуз и елеганција доби модерен пресврт сезонава. Освен како накит, бисерите сега се носат на облеката, на обувките и на модните додатоци. Уште еден класичен модел на накит кој е безвремен и не излегува од мода е гламурозенот ѓердан во златна боја, кој се комбинира со буквално сè, со атрактивни фустани, за формален изглед, но и со џемпер, фармерки и чизми. Ви споделуваме дел од модните додатоци на Шанел, Диор, Мошино, Монсе, Балмиан и Валентино Ланчиња, обетки, белезици, облека и обувки со бисери кои се хит за оваа сезона….