Здолништа на преклоп со реси – бидете неодоливи ова лето

Дали веќе сте се сретнале со бохо стилот?

Ако да, тогаш го најдовме совршениот детаљ за вашиот стајлинг – здолништа на преклоп со реси. Ако не сте, тогаш имате можност со ова парче гардероба да ги откриете сите магии кои се кријат зад овој сензуален стил. Бохо стилот како да е создаден за налето и неговите финеси, прилагодлив во сите пригоди и неизоставен при одењето на плажа.

Зошто се во центарот на вниманието?

Пред сè затоа што совршено им прилегаат на сите. Од мини преку миди, па сè до макси варијанти, во неутрални бои и некои акценти како што се зелените и црвените, ќе бидете забележани и запомнети ова лето. Без разлика дали сакате спортски стил, лежерен, изразито елегантен или шик, со овие здолништа нема да погрешите. Толку се привлечни што секој ваш чекор ќе биде одбележан со блага лелеавост.

Комбинација со мини здолништа

Доколку сте во потрага по опуштена варијанта на летен стајлинг, одберете некоја полесна летна маичка, големи очила и кафено здолниште на преклоп. Сандалите од широкиот спектар, од оние со висока потпетица до потполно рамни, ќе придонесат за вашиот неодолив изглед. Особено популарни се белите мини здолништа со маичка од впечатлив принт, кој ќе ја разбие нејзината неутралност. А доколку трагате по женствен принт, тогаш секако одберете розово сатенско здолниште, со бел тантелен топ.

Комбинација со миди и макси здолништа

Миди и макси здолништата со реси кои се замотуваат околу вашата половина ќе ја истакнат линијата на вашите колкови и ќе додадат должина на вашите нозе. Ќе изгледате многу атрактивно во комбинациите од антилоп или кожа, кои се хит оваа сезона. Дополнете ја вашата појава со некои впечатливи очила со голема рамка и спремни сте за сето она што летото може да ви го понуди.

Scroll to Top