Никој не ни помисли дека оваа нијанса ќе доживее толкава популарност. Зелената боја речиси преку ноќ стана нешто што мора да го имате. Дизајнерите велат дека оваа пролет мора да имате барем едно парче во овој интересен тон.
Судејќи според фотографиите на „Инстаграм“, трендсетерките полудеа по оваа боја, па можеме да видиме многубројни комбинации во кои токму таа игра клучна улога.
View this post on Instagram
Зелената боја баш добро ѝ стои на секоја жена, без разлика дали е црнка, црвенокоса, бринета или русокоса, со оваа боја нема грешка. Освен тоа, лесно се комбинира и со другите нијанси, а особено моќно и елегантно изгледа кога ќе се најде покрај бежовата.
За оние малку посмели дами, тука е комбинацијата од зелена и црвена, која изгледа феноменално и гарантира дека сите погледи ќе бидат насочени кон вашиот правец.
View this post on Instagram
View this post on Instagram