Зендеја шик во фустан од Валентино што Линда Евангелиста го носеше на модна ревија пред 30 години

Американската глумица Зендеја (25) на премиерата на втората сезона од серијата „Еуфорија“ дојде во црно-бел винтиџ фустан од Валентино, кој во 1992 година го носеше Линда Евангелиста на ревија на светскиот дизајнер.

Зендеја, која лани беше прогласена за модна икона, и овој пат ги воодушеви фановите со својот изглед. Фустанот стар 30 години, таа го комбинираше со дијамантски обетки и прстен од жолт дијамант Булгари.

Не е првпат Зендеја да носи фустан што пред неа го облекла друга позната жена. На доделувањето на БЕТ наградите лани во јуни, таа беше облечена во фустан од Версаче што Бијонсе го носеше во 2003 година, кога на истите БЕТ награди го пееше хитот Crazy in Love.

Стилистот на глумицата, Лоу Роуч, вели дека Зендаја ги помести границите со модата во изминатата година.

„Таа сега е жена, па се правиме малку посекси. Со Зендеја сакаме да создаваме инспиративни изгледи за кои луѓето ќе зборуваат некое време. Таа ми верува во изборот. И нема страв кога е модата во прашање. Нема ништо што таа нема да го проба. Бестрашна е“, рекол Роуч за магазинот „Пипл“.